Феникс 2010 до крајот на сезоната на „домашен погон“ (ФОТО)

Феникс 2010 до крајот на сезоната ќе настапува само со домашни кошаркари откако денеска официјално стави крај на соработката со последниот странец во тимот, Илајџа Џоинер кој заминува назад во САД поради семејни причини, објави скопскиот тим.

Џоинер пристигна како засилување за „виолетово-жолтите“ пред Купот на Македонија, а покрај на истиот во кој скопскиот тим стигна до сребрениот медал настапи и на четири натпревари во Првата кошаркарска лига забележувајќи просек од 5.5 поени, 1.5 асистенција и 1.5 скока.

Минатогодишниот дебитант во „елитата“ на македонската кошарка оваа сезона веќе забележа 11. победи со што избори место во разигрувањето за титула, а до крајот на регуларниот дел од првенството му остануваат уште натпревари против Пелистер, МЗТ Скопје и Гостивар во кои ќе се бори за што подобар пласман на табелата.

Се вчитува...