Феникс 2010 остана без еден од странците (ФОТО)

Феникс 2010 во продолжението од сезоната нема да може да смета на услугите на Чак Фалден. Американецот се врати назад во својата татковина поради фамилијарни причини, потврди скопскиот клуб.

Фалден оваа сезона настапи на сите 16 натпревари за прволигашот, а беше од голема помош за десетте победи бележејќи просек од 11.9 поени при 40 отстотна реализација во обидите зад линијата 6,75, 2.3 скока и 1.4 асистенции.

Се вчитува...