Феникс го најде лекот за Денвер – пушти го Јокиќ да игра, но запри ги сите останати

Феникс е на чекор до пласман во финалето од Западната конференција откако „сонцата“ славеа и на првото гостување во Денвер (102-116) и поведоа со 3-0 во оваа полуфинална серија. Тимот на Феникс игра извонредна колективна кошарка, а во главна улога повторно беше Крис Пол, кој погоди низа клучни шутеви кога беше најважно.

Денвер цела сезона премногу зависи од Никола Јокиќ, но очигледно е дека во оваа фаза од плејофот српскиот центар не може сам да го одведе својот тим во следната рунда. Јокиќ повторно одигра фантастично, оствари трипл-дабл од 32 поени, 20 скокови и 10 асистенции, но без помош од соиграчите не можеше да го одведе Денвер до победата. Девин Букер реализираше 28 поени за Феникс, додека Крис Пол забележа 27 поени и 8 асистенции.

Филаделфија поведе со 2-1 против Атланта откако синоќа славеше на првото гостување во овој град со убедливи 111-127. Клучната предност беше направена во третата четвртина што Филаделфија ја доби со 19-34, создавајќи позитива што потоа гостите умешно ја задржаа до самиот крај. Ембид ги предводеше стрелците на домашниот тим со 28 поени и 9 скокови, додека Тре Јанг беше прв стрелец на Атланта со 29 постигнати поени.

Се вчитува...