Феникс на продажба за 1.8 милијарда долари

Американскиот професионален кошаркарски клуб Феникс од денеска е на продажба. НБА составот кој пред две сезони стигна до финалето од разигрувањето ќе добие нов сопстевеник откако контроверзниот Роберт Сарвер се одлучи да го продаде клубот по суспенцијата на од страна на првенството.

Сарвер неодамна беше суспендиран на една година, а доби и казна од 10 милиони долари за расистички коментари, непримерен речник и „сексистичко однесување“ кон вработените.

„Зборовите за кои многу жалам го засенија тоа што го направивме како организација во последните речиси 20 години. Како верник, верувам во прошка, но во денешно време јасно ми е дека тоа е невозможно. Што и да направам пак ќе бидам во сенка на тоа што го кажав во минатото. Затоа покренав постапка за продажба на Санс и Меркјури“, вели Сарвер.

Сарвер го откупи Феникс во 2004 година за 401 милион долари, а моменталната вредноста на клубот се проценува на 1.8 милијарди долари. Покрај тоа тој е сопственик и на женскиот состав Феникс Меркјури кој исто така ќе добие нов газда.

Се вчитува...