Феникс го прегази Денвер – „Метла“ за Јокиќ, Србинот тргна да се тепа, доби исклучување и ја заврши сезоната!

И во четвртиот натпревар, „Санс“ беше подобар тим од Денвер Нагетс. Тие славеа нова победа од 118-125. Во текот на целиот меч кошаркарите на Феникс имаа водство и заслужено победија.

Иако беше прогласен за МВП во регуларниот дел од првенството, Никола Јокиќ ја заврши сезоната со „метла“ во второто коло од плејофот во НБА лигата. Настапот на Јокиќ заврши во третиот период кога беше исклучен поради премногу агресивен и излишен фаул над Камерун Пејн.

 

 

 

Јокиќ и Денвер Нагетс беа едноставно немоќни против Феникс Санс, и на крајот загубија со 4-0 во серија што навистина ретко кој можеше да го очекува ваквиот развој на настаните.

Пол и Букер беа брилијантни со 37, односно 34 поени. На другата страна, освен Јокиќ со 22 поени и 11 скока, се истакна Бартон со 25 поени.

 

 

Во финалето на истокот, „Санс“ ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Јута Џез и ЛА Клиперс, каде „џезерите“ по три натпревари имаат предност.

На исток, Милвоки Бакс се вратија од мртвите против Бруклин Нетс. На стартот на вториот период имаа двоцифрен минус, за на крајот да триумфираат со 107-96 за 2-2 во серија.

 

Адетокумпо беше фантастичен со 34 поени и 12 скока, додека Дурант беше најдобар кај поразените со 28 поени и 13 скока.

Се вчитува...