Феникс Санс на чекор до финале во НБА (ВИДЕО)

Во еден крајтно интересен и тврд натпревар Феникс Санс успеа да направи брејк и да поведе со 3-1 во финалната серија во Западната конфереција откако славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 80-84.

Девин Букер со 25 поени беше прво име во победничкиот табор, а одлична „ролја“ имаше и Деандре Ејтон кој заврши со 19 поени и 22 скока. Ветеранот Крис Пол натпреварот го заврши со 18 поени и седум асистенции.

Кај поразените Пол Џорџ уфрли 23 поени, но со многу слаба реализација од поле, додека Реџи Џексон заврши со три помалку.

 

 

Се вчитува...