Феноменален гол на Сума, Партизан го доби 161-то вечно дерби со Ц. Звезда (ВИДЕО)

Партизан славеше со 2-0 против Црвена Звезда во 161-то вечно дерби во шампионатот на Србија.

„Црно-белите“, на тој начин, продолжуваат со победите во дерби пресметката со својот најголем ривал, откако минатата година славеа и во претходниот меѓусебен дуел во финалето од Купот на Србија.

Партизан до триумфот дојде благодарение на прекрасниот гол на Гвинеецот Сејдубе Сума во 83. минута за 1-0…

А, Тошиќ заокружи на 2-0 во 93. минута од натпреварот.


Се вчитува...