Феноменален пречек за Лазаров во „Блауграна“: Барселона не го заборава… (ФОТО)

На извонреден начин фановите на Барселона го пречекаа капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.

Лазаров денеска со француски Нант гостуваа во Барселона, каде по вториот пораз и ги завршија своите настапи во ЛШ, но за македонскиот репрезентативец секако е значаен начинот на кој го пречекаа навивачите на каталонскиот тим.

Покрај аплаузите за негов во текот на целата средба, на една од трибините осамна и транспарент „Идол на сите генерации“ а најмладите фанови на Барселона не го оставаа долго и по крајот на натпреварот.

Се вчитува...