Феноменален Тиквеш: Убедливо преку Лабуништа – на само чекор од Прва лига! (ФОТО)

Со убедлива победа против Лабуништа од 6-3 (3-1), фудбалерите на кавадаречки Тиквеш си обезбедија финална бараж пресметка со Силекс за промоција во Првата македонска фудбалска лига.

На баражот меѓу двете второпласирани второлигашки екипи кој се играше по тешко време на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров, Тиквеш стигна до лесна победа која ја најави со голот на Илиески уште во 8. минута.

Во продолжението, капитенот Ѓорѓи Мојсов постигна одличен гол од слободен удар во 15. минута за 2-0, а Ивановски во 20. минута зголеми и на 3-0. Пред полувремето, Клечкароски во 28. минута успеа само да ја намали предноста на противникот.

Во второто полувреме следеа уште три погодоци за кавадарчани преку Мојсов, Делов и Митрев со кои ја заокружија убедливата победа. За Лабуништа погодија уште Реџепи и Клечкароски од пенал во 89. минута за конечни 6-3.

Финалниот бараж за влез во Првата лига меѓу Тиквеш и Силекс се игра во среда (5. јуни).

Се вчитува...