Феноменална трка на Хамилтон, Ферстапен не дозволи еден-два победа на Мерцедес

Одлична трка на Луис Хамилтон кој без никаков проблем триумфираше доминирајќи за Големата награда на Шпанија.

По феноманелниот викенд низ квалификациите, Хамилтон целосно доминираше на денешната трка апсолутно лесно стигнувајќи до првото место. А, и покрај тоа што стартуваше зад двата болиди на Марцедес, Макс Ферстапен од Ред Бул не дозволи еден-два победа на Мерцедес, па стигна до второто место пред Валери Ботас кој заврши на третата позиција.

На четвртото и петтото место, како и што стартуваа, завршија возачоте на Расинг поинт Ф1, Серхио Перес и Ланс Штрол.

Во Топ 10 завршија уште и Саинц јуниор од Мекларен, Себастијан Фетел од Ферари, како и Албон, Гесли и вториот возач на Мекларен, Ландо Норис.

Се вчитува...