Феноменална вечер и рекорд на кариерата за Андреј Јакимовски (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и еден од најталентираните македонски кошари Андреј Јакимовски ја одигра својата најдобра колеџ партија во победата на неговиот Вашингтон стејт над Аризона стејт со убедливи 75-58.

Нашиот кошаркар одигра триесет и една минута и за тој период постигна 22 поена што е негов нов личен рекорд во НЦАА лигата во кариерата. Тој реализираше пет тројки од десет обиди, надополнети со седум скока и три асистенции.

 

 

Се вчитува...