Феноменалниот Антетокуомпо, победи на Јута, Сан Антонио, Хјустон…

Јута славеше со 106-96 против Денвер во првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, во мечот во кој победничкиот тим го предводеше Руди Гобер со 18 поени и 10 скока.

Денвер во третата четвртина имаше и двоцифрена предност, но домашните кошаркари успеаја со пресврт да стигнат до триумфот. Кај Јута ефикасни беа и Баркс со 16 поени и Фејворс со 14 постигнати поени. Денвер, пак, го предводеа Вил Бартон со 23 поени и Пол Милсап со 19 поени.

Хјустон славеше против Сакраменто со 105-100, на дуелот на кој Џејмс Харден постигна 27 поени, дополнети и со 9 асистенции.

Сан Антонио победи против Минесота со 107-99, а ги предводеше Ламаркус Олдриџ со 25 поени и 10 скока. Кај Минесота најефикасен беше Ендрју Вигинс со 26 поени, додека Таунс мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 13 скока.

Никола Вучевиќ одигра одлична партија за Орландо, кој на стартот од НБА сезоната беше подобар од Мајами победувајќи со 116-109. Црногорскиот центар постигна 18 поени, плус и со 13 скока, најзаслужен за триумфот на својата екипа. Во поразениот тим Горан Драгиќ имаше 16 поени и шест асистенции.

Феноменална партија во првиот меч од новата НБА сезона одигра Јанис Антетокуомпо кој со Милвоки славеше против Бостон со 108-100. Антетокуомпо мечот го заврши со 37 поени и 13 скока. Кај Бостон Кајри Ирвинг постигна 17 поени, а Тери Роузир запиша 15 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Шарлот 102-90, Индијана – Бруклин 140-131, Орландо – Мајами 116-109, Вашингтон – Филаделфија 120-115, Бостон – Милвоки 100-108, Мемфис – Њу Орлеанс 103-91, Далас – Атланта 111-117, Јута – Денвер 106-96, Сан Антонио – Минесота 107-99, Феникс – Портланд 76-124, Сакраменто – Хјустон 100-105

Се вчитува...