Феноменалниот Митревски му донесе бод на Порто на гостувањето кај Фленсбург (ВИДЕО)

Феноменалниот Никола Митревски му донесе на Порто бод на гостувањето во Германија кај фаворизираниот Фленсбург играјќи 26-26. Македонскиот репрезентативен голман беше најдобар поедиенец во својот тим запишувајќи 14 одбрани со 35 отстотна успешност.

Кај Порто најефикасен беше Џибрил М’бенгуе со шест гола, додека кај Фленсбург Ејнарсон заврши со осум гола.

 

Алборг стигна до важна победа на гостувањето кај Монпелје (31-33) во борбата за првото место во групата А. Данците одиграа неверојатно прво полувреме кое го добија со 20-14 и тоа беше клучниот момент во натпреварот. Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 31-33.

Феликс Клар со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакна Хуго Деска со осум гола.

 

 

 

 

 

Се вчитува...