Феноменално дерби во Бундеслигата: Залудни два гола на Левандовски, „милионерите“ ги имаат Ројс и Алкасер

Борусија Дортмунд ја доби големата дерби пресметка против Баерн Минхен во 11. коло од Бундеслигата, по што дополнително се зацврсти на врвот од табелата.

„Милионерите“ во два наврати бркаа негатива, за да на крајот сосема заслужено стигнат до победа од 3-2.

Баерн дојде до предност со голот на Левандовски во 26. минута. Ројс од пенал во 49. минута донесе израмнување, а потоа повторно Левандовски стрелаше во 53. минута за водство од 1-2 на Баерн.

Сепак, Ројс со својот втор гол израмни во 67. минута, а Алкасер во 74. минута ја донесе победата на Борусија Дортмунд.

Борусија сега има 27 бода, четиири повеќе од второпласираниот Менхенгладбах. Баерн Минхен останува засега на третото место со 20 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...