Феран Торес беше критикуван од шпанската јавност во огромен дел од последниот мундијал, но се се промени во миг – кога напаѓачот го постигна победничкиот гол во финалето со Аргентина и стана национален херој.
Одеднаш фановите на Барселона почнаа гласно да бараат тој да остане, но одлуката веќе беше донесена – Феран реши да се пресели во ПСЖ, а каталонскиот гигант ја прифати понудата на актуелниот европски првак.
„Првиот контакт со ПСЖ го имав уште пред мундијалот. Тоа беше долг повик, имавме разговор што траеше… така што јас и пред да заминам на СП имав решено во главата – сакам да заминам во ПСЖ, да играм за европскиот шампион. на овој трансфер гледам како на чекор напред во кариерата“, истакна Торес.
Тој не крие дека клучна причина за ваквата одлука е Луис Енрике, шпанскиот стратег кој седи на клупата на францускиот фудбалски гигант.
„Отсекогаш сум велел дека Луис Енрике ми беше како татко од првиот ден кога дојдов во репрезентацијата. Тој е стратег што отсекогаш верувал во мене, што се уште верува во мене, тренер што ми ја зголемуваше самодовербата и кога не ми одеше најдобро… затоа не размислував кога ми се укажа можноста да заиграм за него и на клупско ниво“, открива шпанскиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
