Феран за голот: Мој подарок за 47 милиони Шпанци

Феран Торес еуфорично ја прославуваше титулата светски првак на Шпанија – трофеј што го донесе токму напаѓачот на Барселона постигнувајќи го победничкиот гол во второто продолжение од 15 минути.

Торес беше критикуван од шпанската јавност во текот на целиот мундијал, но селекторот Де ла Фуенте веруваше во него, редовно му даваше шанси од клупата за резерви, што вроди со плод токму во големото финале.

„Овој мој гол е подарок за 47 милиони Шпанци, не може да ми припаѓа само мене, туку на целиот народ. Судбината беше испишана, ни беше судено да победиме…. Искрено, ова е огромно олеснување, добив толку многу критики во изминатиот период, но секогаш верував дека можам да направам разлика, можам да помогнам. Ова е огромно олеснување, му благодарам на Бога што секогаш ми дава сила да продолжам… Како да кажам – Бог им ги дава работите на оние кои најмногу ги заслужуваат“, истакна Феран Торес.

Се вчитува...