Ферари и Саинз ја продолжија соработката до 2024 година (ФОТО)

Карлос Саинз и во следните две сезони ќе вози во болидот на Ферари откако италијанскиот тим денеска го продолжи неговиот договор со важност до 2024 година. Шпанецот дебитираше во „црвените бои“ во 2021 година, а меѓусебното задоволство донесе продолжување на соработката.

Ферари оваа сезона се враќа на „големата сцена“, а во пресрет трката за Големата награда на Италија која се вози на популарната Имола, тимот го завзема првото место по бројот на освоени бодови меѓу конструкторите со вкупно 104 или 39 бода повеќе од второпласираниот Мерцедес.

Се вчитува...