Ферари повторно пофрли, Ферстапен слави и на „Монца“

Макс Ферстапен стигна до уште една победа во Формула 1 шампионатот откако извозе одлична трка за победа на Големата нгарда на Италија на легендарната стаза „Монца“.

Ферстапен кој трката ја започна од седмата позицја на табелата имаше одличен старт на софт гуми и веќе до 6. круг успеа да се искачи на вторто место. Минималното пристуство на виртуелно сигурносно возило на патеката во 12. круг го измами тимот на Ферари кој се обиде да ја искористи можноста за замена на гуми, но до тогаш водечкиот Леклер беше единствениот кој влезе во бокс.

Тоа беше во прилог за Макс Ферстапен кој успеа да се искачи на првата позција и да ја задржи до самиот крај и покрај тоа што во еден момент повторно се најде зад Монаканецот по влезот во бокс. Во 48. круг по излетувањето на Рикардо следеше и сигурносно возило на патеката, но немаше време за продолжување на трката.

На пиедесталот место имаше и за Шарл Леклер и Џорџ Расел, а бодовои освоија уште: Саинз, Хамилтон, Перез. Норис, Гасли, Де Ври и Жу.

Со денешанта победа Макс Ферстапен дополнително ја зголеми предноста пред возачот на Ферари и сега таа изнесува 116 бода.

Се вчитува...