Фердинанд: На клупата на Манчестер Сити седи генијалец кој го промени фудбалот

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, очигледно нема проблеми да зборува најпофално за Манчестер Сити и особено за менаџерот, Пеп Гвардиола. Во анализата за синоќешното коло во Лигата на шампионите, во кое Сити славеше со 5-1 над Аталанта, Фердинант го изнафали Гвардиола како еден од најголемите иноватори во историјата на фудбалот. 

„На клупата на Сити седи гениј. Тој е иноватор. Го промени начинот на кој го гледаме фудбалот. Го воведе голманот како дел од игрaта, стоперите играат повеќе кон напред. Некои работи кои ги прави се навистина луди“ – изјави Фердинанд.

 

 

 

Се вчитува...