Тотенхем на гостувањето кај Олимпијакос прокоцка два гола предност и на крајот во Лондон се врати со само еден освоен бод. Легендарнот англиски фудбалер, Рио Фердинанд не го штедеше Тотенхем во својата анализа.
„Тотенхем се исшутираа самите себе. Поведуваш со два гола на гостување, ги замолкнуваш нивните навивачи и потоа сето тоа го прокоцкуваш. Мислев дека нешто научија по минатата година, но тоа не е така. Мислам дека беа „лабави“. Како да не постоеја на теренот, беа едноставно Тотенхем“ изјави Фердинанд.
Покрај со Олимпијакос, Тотенхем се наоѓа во група и со Баерн Минхен и Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА