Фердинанд: Сите зборуваа за Мбапе, но Бензема потсети кој е „крал“ во Реал

Синоќа Реал Мадрид приреди неверојатен пресврт и оствари голема победа во дуелот со ПСЖ, а заслужено сите комплименти одат за Карим Бензема, кој реализираше хет-трик и на тој начин го испрати својот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Искусниот Французин ги засени ѕвездите на ПСЖ и повторно потсети дека е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција.

Англиската фудбалска легенда Рио Фердинанд во својот коментар за „Би-Ти Спорт“ на наједноставен начин го опиша ефектот на Бензема.

„Ситe зборувавме само за Килијан Мбапе, најопасниот напаѓач на денешницата, но во вториот дел Бензема излезе на теренот и ни порача – Не, не, не, не сум готов се уште и испорача хет-трик … Бензема не потсети кој е „крал“ во Реал. Според мене, Карим е најкомплетната „деветка“ во светот, ја врши работата беспрекорно во секој сегмент од играта“, изјави Фердинанд.

Се вчитува...