Фердинанд за Варан: Оди во рикверц, сигурно се чувствува како зајак во Јунајтед!

Рио Фердинанд беше еден од оние кои сметаа дека Јунајтед ќе доживее вистинска преродба откако минатото лето ги ангажираше Џејдон Санчо, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан.

Од прикажаното на сите тројца, пофалби можат да се доделат само за искусниот португалски голгетер, додека останатите двајца имаа премиерни сезони за заборав во Манчестер Јунајтед и ќе мора напорно да работат за да го поправат впечатокот.

Во своето последно обраќање, Рио посебно се задржа на дефанзивецот како поранешен легендарен стопер на Јунајтед .

„Варан доживеа огромна промена, дојде од место кое функционираше како тим на највисоко ниво, опкружен со играчи кои го даваат максимумот константно, а потоа тука отиде во рикверц, се најде во ситуација во која нема функционалност. Сигурно се чувствувал како зајак кога ќе види светло од автомобил си вели што е ова. И од негова страна, мора да кажеме дека не беше играчот кој сите го очекувавме, самиот ќе ви го каже тоа. Мора да го подигне нивото, но не може сам, потребна му е помош“, изјави Рио.

Се вчитува...