Постоеше голема шанса капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш во летниот преоден рок да замине од редовите на англискиот тим и да се пресели во првенството на Саудиска Арабија каде имаше неверојатно богата понуда од Ал Хилал.
Португласкиот репрезентативец сепак ја одби понудата и нема намера да замине од ова првенство со цел да остане во Европа и во иднина. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува во 2027 година па следното лето ќе биде пресудно дали ќе го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ или пак ќе замине во друг клуб.
Сепак одлуката за иднината нема да дојде наскоро. Како што вели самиот тој, иднината ќе биде позната по крајот на Светското првенство во 2026 година.
„Ќе го повторам она што го кажав и претходно, се чувствувам добро тука. Се уште сакам да ги остварам моите соништа. Не можам да зборувам во име на клубот, но слушам многу луѓе како зборуваат за тоа дека имам договор да заминам на крајот од сезоната. Ако клубот го склучил тој договор, тој бил склучен без мене. Никој не разговарал со мене.
Мојот агент знае како работам. Ако сака да разговара со мене, тоа ќе биде по Светското првенство. Дотогаш, нема да зборувам за иднината“, стави дознаење Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

