Фернандо Алонсо би се вратил во Ферари?

Фернандо Алонсо набрзо ќе се врати во Формула 1 и тоа во тимот на Ферари, предвидува поранешниот претседател на Ферари, Стефано Доменикали. Тој беше на чело италијанскиот тим во од 2008 до 2014 година, односно во целиот четиригодишен период (2010-2014) кога Фернандо Алонсо со успех настапуваше за Ферари.

Италијанецот верува дека двојниот светски шампион откако ќе направи една година пауза, ќе сфати дека не завршил со Форнмула 1. Доменикали верува дека веќе во 2020 година Алонсо ќе се врати во Ф1, а не е исклучено да се врати и во тимот на Ферари.

„Тоа би била голема приказна, но да не избрзуваме. Ако тој во иднина реши такво нешто, зошто да не?“ – најави Доменикали во интервју за „Ауто Билд“.

По неколку тешки сезони во неконкурентниот болид на Мекларен, Фернандо Алонсо на крајот на сезоната објави дека се повлекува од Формула 1 и во наредниот период ќе им се посвети на другите автомобилски трки. Се претпоставува дека двојниот светски шампион ја напуштил Ф1, затоа што никој од големите играчи не го сака поради неговата репутација на противречна личност и фактор за дестабилизација.

Искрено кажано, кога работиш со такви карактери, со толку голем талент, не може да кажеш дали е тешко или не. Можам само да кажам дека Алонсо беше многу силен, многу мотивиран и сакаше да постигне многу. Кога ќе го исклучиме тоа , отворено кажано, да се тврди дека е контраверзна личност е неосновано“ – вели Доменикали.

Се вчитува...