„Ферстапен би го „смачкал“ Хамилтон во Мерцедес“

Првата трка од новата сезона донесе големо возбудување на ГН на Бахраин каде по голема битка, Луис Хамилтон стигна до победа на отварањето пред Макс Ферстапен. Ако „по утрото денот се познава“, ни претстои одличен и неизвесен шампионат, за разлика од претходните години.

По отварањето на сезоната, мислите во јавноста се поделени, а меѓу оние кои „навиваат“ за Ферстапен е и трикратниот освојувач на Ф1, Нелсон Пике. Според Бразилецот доколку Хамилтон и Ферстапен возат за ист тим, Британецот би бил „возачот број два“.

„Пред се’, треба да земеме во предвид дека Формула 1 е категорија во која се натпреваруваш со различни болиди, па е многу тешко да направиш дикретна споредба помеѓу два возачи доколку не се во истиот тим. Но, доколку Макс вози за Мерцедес, сигурен сум дека би го „смачкал“ Хамилтон. Макс е поагресивен, тој е како ММА борец подготвен да се справи со тоа што е пред него. Можеби прави повеќе грешки со оглед на тоа, но моето мислење е дека е подобар возач од Хамилтон. На Хамилтон му е лесно и со возач како Ботас до него, прелесно е и да освоиш во болид кој е многу подобар од останатите. Мерцедес беше многу подобар од другите во последните години“, изјави Пике.

Освојувачот на Форума 1 во 1981, 1983 и 1987 година притоа упати критики и кон совозачите на Хамилтон и нивната инфериорност…

„Не дека Хамилтон не е добар, но тој постојано има инфериорни возачи до него, а претходниот (Нико Розберг), беше уште полош. Розберг освои титула само поради грешките на Хамилтон и откажувањата таа сезона“, додека Бразилецот.

Се вчитува...