Ферстапен до пол-позиција во Абу Даби

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен стигна до пол-позицијата на трката за големата награда на Абу Даби со која ќе се затвори најчудната сезона во Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот до пол-позицијата стигна пред двоецот на Мерцедесе, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Четвртото место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, а во топ 10 уште се најдоа и Албон, Сајнц, Квјат, Строл, Леклер и Гасли.

Трката за Големата награда на Абу Даби ќе се вози утре со почеток во 14:10 часот.

 

Се вчитува...