Ферстапен доминантно до победа во Холандија

Макс Ферстапен на доминантен начин стигна до нова победа сезонава во Формула 1, откако славеше на домшното гран-при на патеката Зандворт.

Холанѓанецот во болидот на Ред Бул стигна до победа пред Џорџ Расел во Мерцедес, и Шарл Леклер во болидот на Ферари. Во топ 10 уште се најдоа и: Хамилтон, Перез, Алонсо, Норис, Сајнц, Окон и Строл.

Во генералниот пласман Ферстапен останува прв, пред Леклер и Перез.

Следната трка во Формула 1 шампионатот е закажана за следната недела, а ќе се вози за Големата награда на Монца.

Се вчитува...