Ферстапен: Хамилтон не е најдобар возач, само го има најдобриот болид

Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен, нема превисоко мислење за Луис Хамилтон без оглед на одличните резултати што на Британецот му донесоа нова титула во Формула 1 шампионатот. Хамилтон има зад своето име 73 победи на Ф1 трките, пет шампионски титули, но Ферстапен сепак не е убеден дека на асот на Мерцедес треба да се гледа како на најдобар возач на денешницата.

„Хамилтон е шампион и треба да му се честита за титулата, но тоа не значи дека е најдобар возач, само дека го имаше најдобриот болид годинава. Мислам дека јас, Рикиардо, Алонсо и Фетел, било кој од нас, исто така ќе беше шампион ако го возевме болидот што го возеше Луис. Тоа е навистина моќно, мислам дека Мерцедес дури и не беше на 100% од своите можности, а сепак создаде неверојатен болид“ – истакна Ферстапен.

Младиот Холанѓанец имаше можност да му се приклучи на Мерцедес во 2017 година како тиски колега на Хамилтон, но ја одби понудата и реши да остане лојален на Ред Бул.

„Хамилтон и Фетел се главните ѕвезди на овој спорт во моментов и мислам дека не би било добро за мојата кариера да седам во нивна сенка. Верувам дека го повлеков вистинскиот потег и пак би го сторил истото, бидејќи се уште сум оптимист дека можам да станам шампиоон со Ред Бул, ако заедно составиме моќен болид“ – вели Макс Ферстапен.

Се вчитува...