Ферстапен им се врати на победите со триумф на ГН на Канада, дебакл на Ферари

Макс Ферстапен ја забележа шесттата победа во сезоната откако славеше на Големата награда на Канада притоа забележувајќи ја и јубилејната 60. победа во кариерата.

Возачот на Ред Бул ја започна трката од втората позиција, но умешно ги искористи сигурносните возила за превземање на лидерската позиција која не ја испушти во поголем дел од трката.

На пиедесталот покрај Холанѓанецот имаше место и за Норис и Расел, а бодови освоија и Хамилтон, Пијастри, Алонсо, Строл и Рикардо.

Ферари по добрите настапи во претходните трки и пиедесталот за Леклер и Саинз во Монако доживеа дебакл откако двата возачи не ја завршија трката.

Се вчитува...