Ферстапен ја освои пол-позицијата во Холандија

Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул е освојувач на пол-позицијата за големата награда на Холандија која се вози на патеката Зандворт.

Второто место му припадна на Шарл Леклрер од Ферари. Од вториот стартен ред ќе тргнат  вториот возач на Ферари Карлос Сајнц и Луис Хамилтон во Мерцедес, додека во топ 10 се најдоа уште и: Серхио Перез, Расел, Морис, Шумахер, Цунода и Строл.

Трката за големата награда на Холандија која ќе се вози на патеката Зандворт е закажана за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...