Ферстапен ја потврди доминацијата, Фетел се прости од Ф1

Макс Ферстапен ја потврди доминацијата во годинашниот Формула 1 шампионат откако славеше и на последната трка сезонава која се возеше на патеката „Јас марина“ за големата награда на Абу Даби.

Со овој триумф Холанѓанецот стигна до 15 победа сезонава што е апсолутен рекорд за победи во една сезона. Второто место му припадна на Шарл Леклер во болидот на Ферари со кое ја обезбеди втората позиција во генералниот пласман, а на третото место заврши Серхио Перез во Ред Бул кој на крајот во вкупниот пласман го освои третото место.

Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Расел, Норис, Окон, Строл, Рикардо и Себастијан Фетел кој во последната трка во кариерата успеа да стигне до бодови. Луис Хамилтон поради проблеми со болидот на три круга до крајот мораше да ја заврши трката.

Се вчитува...