Ферстапен како на видео-игра: Холанѓанецот ја освои и Спа Франкошамп

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен стигна до нова доминантна победа во Формула 1 шампионатот. Тој иако поради менување на погонската единица стартуваше од 14. место на трката за Големата награда на Белгија, сепак на крајот без поголеми проблеми стигна до нова победа.

Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Мексиканецот, Серхио Перез, додека подиумот го надополни Карлос Сајнц на Ферари. Четвртото место му припадна на Расел во Мерцедес. Ферари повторно направија неверојатно аматерски потег. Леклер беше сигурен на петтото место, но од боксот решија да го повикаат во пит стоп како би го нападнале најбрзиот круг. Монтежанецот направи грешка поради која доби пет секунди казна по завршување на трката па го загуби петтото место на сметка на Фернандо Алонсо. Во топ 10 уште се најдоа и:  Окон, Фетел, Гасли и Албон.

Трката ја одбележа и инцидентот во првиот круг меѓу Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон по кој Британецот мораше да ја заврши трката, а Шпанецот својот ривал го нарече идиот.

Се вчитува...