Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на трката која утре ќе се вози за Големата награда на Сингапур.
Ферстапен денеска беше најдобар во квалификациите, а до пол-позицијата на патеката Марина беј дојде со време од 1:31.373 минута.
Второто и третото место во квалификациите го освоија возачите на Ферари, Шарл Леклер кој задоцни 0.54 стотинки зад Ферстапен и Луис Хамилтон.
Од четвртата позиција ќе стартува лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели од Мерцедес, додека петто најдобро време во квалификациите имаше актуелниот шампион, Ландо Норис од Мекларен.
Од шестото до десеттото место се најдоа Џорџ Расел од Мерцедес, Оскар Пјастри од Мекларен, Пјер Гасли од Алпин и возачите на Рејсинг булс, Лиам Лоусон и Арвид Линдблад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
