Ферстапен: Ми беше потребно малку повеќе време за прв триумф во Сингапур

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, имаше перфектен викенд во Сингапур откако прво славеше на спринт трката, потоа ја освои пол-позицијата за главната трка на која денеска славеше до доминантно возење од стартот до последниот круг.

Ова воедно беше прв триумф на Ферстапен во кариерата на патеката „Марина беј“ и му недостасува уште да слави на најновата трка од годинава „Мадринг“ за да има триумф на сите патеки кои се возат во Формула 1 шампионатот.

„Ми беше потребно време за првата победа, но мислам дека трката беше многу добра. Имавме добар ритам кога беше потребн и на меки и на средно тврди гуми. Среќен сум поради победата“, изјави четирикратниот Формула 1 шампион.

Триумфот во Сингапур му беше 73-ти во кариерата, воедно победи на последните две трки, но неговото будење дојде предоцна бидејќи титулата му се насмевнува на возачот на Мерцедес, Кими Антонели.

„Имаме уште многу мотивација да оствариме што подобри резултати. Имаме навистина одлична група и уживам да работам со нив и се надевам дека до крајот на сезоната ќе уште малку“, додава Ферстапен.

Се вчитува...