Ферстапен најбрз на квалификациите за ГН на Штаерска

Возачот на Ред Бул и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Штаерска. Ферстапен до првото место стигна со време од 1:03.841 минута, што беше подобро од второпласираниот Валтери Ботас во Мерцедес кој поради казна ќе мора да стартува пет места поназад, што значи дека од втората стартна позиција ќе тргне Луис Хамилтон.

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Ландо Норис во Мекларен и Серхио Перез во Ред Бул. Во топ 10 уште се најдоа и Пјер Гасли, Шарл Леклер, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

 

 

Се вчитува...