Ферстапен победи во Монако и го презеде водството во генералниот пласман

Макс Ферстапен на убедлив начин стигна до триумф на трката за Големата награда на Монако. Откако го искористи откажувањето на Шарл Леклер кој вчера беше најдобар во квалификациите, Холанѓанецот без никаков проблем од почетокот до крајот извозе рутински и стигна до триумф.

Второто место му припадна на Карлос Сајнц Јуниор на Ферари, додека како третопласиран заврши Ландо Норис во болидот на Мекларен. Ферстапен со оваа победа го презеде врвот во генералниот пласман, бидејќи актуелниот шампион Луис Хамилтон имаше очаен викенд и трката во Монте Карло ја заврши на седмата позиција.

Ф1 циркузот се сели во Баку каде за две недели ќе се вози трката за големата награда на Азербејџан.

Се вчитува...