Ферстапен победник на премиерната трка во Мајами

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен стигна до историската прва победа во премиерното издание на трката за големата награда на Мајами во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот иако стартуваше од третата позиција успеа со маестрално возење уште во првата четвртина од трката да ги помине возачите на Ферари и да го презеде врвот.

Сигурносното возило на 15 круга до крајот на трката, ни донесе интересна завршница, но сепак Ферстапен успеа да одолее на нападите на Леклер и да стигне до победа на гран-прито на Мајами.

Подиумот го надополни вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц кој ја доби битката со ривалот од Ред Бул, Серхио Перез кој заврши четврти. Во бодови завршија уште и: Расел, Хамилтон, Ботас, Алонсо, Окон и Албон.

Во генералниот поредок Макс Ферстапен ја намали предноста на Шарл Леклер.

Се вчитува...