Ферстапен: Во исти услови сум две десетинки побрз од Хамилтон

Големата награда на Азарбеџан заврши драматично откако на пет круга пред крајот откажа задното лево тркало на Макс Ферстапен и се заби во оградата. За среќа на Холанѓанецот по рестарот на трката „киксна“ и Луис Хамилтон кој не закочи навреме и излета од стазата, па 23-годишникот успеа да ја задржи бодовната предност на табелата.

Возачот на Ред Бул доминираше на патеката во поголемиот дел до трката, а по истата не ја пропушти шансата да одговори на Британецот кој оправдувањето за лошата трка го најде во болидот.

„Веројатно и јас би го изјавил тоа на неговото место. Но, искрејно во истите услови со истиот болид би бил две десетинки побрз од Хамилтон. И не ме интересира што ќе каже тој на тоа“, изјави Ферстапен, кој потоа се осврна и на конкурентноста на овогодишната сезона.

„Досега Хамилтон имаше опасност само од сопствената екипа, а во такви околности нема притисок. Сега се се менува. Мора да се бори со возач од друг тим. Тоа дава друга димензија и мислам дека тоа е правата работа за нашиот спорт“.

Се вчитува...