Фештата може да почне: Три, два, еден… Охрид шампион (видео)

Охриѓани чекаа и дочекаа – трофеј во витрините на овој македонскиот суперлигаш откако нашите „сино-бели“ и на двата меча беа подобри од оние унгарските од Татабања.

Охрид имаше целосна контрола и на синоќешниот реванш, тимот покажа и квалитет и карактер, а кога беше означен крајот – охриѓани покажаа и дека знаат како да прослават.

Фешта меѓу играчите на теренот, лудило и на трибините на „Билјанини извори“, апсолутно заслужено по сето она што охриѓани го прикажаа од почетокот до крајот на оваа сезона…

Се вчитува...