Фетел и Леклер разочарани, фрустрирани, лути…

Ферари го допре дното на последната трка во Формула 1 шампионатот која се возеше на „Спа Франкошамп“ во Белгија. И двата возачи на тимот од Маринело, Себастијан Фетел и Шарл Леклер не успеаја да освојат ниту еден бод.

„Мораме напорно да работиме бидејќи добивме голема лекција викендов. Не сме силни како што очекувавме. Oва е катастрофа. Мораме да работиме повеќе“, изјави Фетел. 

„Екстремно фрустрирачки. Целиот викенд беше таков. Не можевме да претркаме ниту со ДРС. Неверојатно. Мораме да работиме повеќе и да најдеме нешто, бидејќи вака не оди“, изјави Леклер.

Следуваат трки во Италија кои за  Ферари се домашни и се очекува да го подобрат пласманот, бидејќи никој во тимот не сака да се посрамоти дома.

Се вчитува...