Фетел: Леклер ме потсети каков бев некогаш

Себастијан Фетел го напушти Ферари и следната година ќе вози во Астон Мартин. Фетел е уверен дека Шарл Леклер има голем талент кој следните сезони ќе дојде до израз во шампионатот.

„Во овој момент е многу брз. Во добра фаза од кариерата е. Имав шанса да учам од него и тоа беше неверојатно интересно. Во него видов нешто од себе, ме потсети каков бев пред 10 години. Тој е многу добар и за него имам да кажам само убави работи“, изјави Фетел. 

Фетел по доминацијата која ја имаше во болидот на Ред Бул, со Ферари не успеа ниту еднаш да се радува на титулата во Формула 1 шампионатот.

Се вчитува...