Фетел потпиша за Астон Мартин

Себастијан Фетел дефинитивно останува во Формула 1 и по 2020 година откако поранешниот светски првак потпиша договор со Астон Мартин. Оваа автомобилска компанија по долги години се враќа назад во Ф-1 во 2021 година, потпишувајќи го Фетел како „ѕвезда“ во тимот при големиот камбек.

Германецот има разочарувачка сезона во болидот на Ферари, па иако најавуваше дека доколку не добие интересна понуда ќе се повлече од „летечкиот циркус“ Фетел на крајот сепак реши да остане во Ф-1, селејќи се во тим со кој реално ќе нема шанси да атакува на нова шампионска титула.

„Пресреќен сум што конечно можам да споделам вести за мојата иднина, со гордост објавувам дека ќе возам за Астон Мартин во 2021 година. Енергијата и посветеноста на Лоренс Строл кон Формула 1 се инспирација за многумина, верувам дека заедно можеме да оствариме нешто специјално. Се уште чувствувам голема љубов кон Ф1, желба ми е да возам и да победувам, а за мене е огромна чест што тоа ќе го правам како возач на Астон Мартин“, изјави Фетел.

Се вчитува...