Фетел со „фраерска“ порака до Леклер (ФОТО)

Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаа свои конфликти како тимски колеги во Ферари, меѓутоа ветеранот и младиот возач имаа пријателска разделба на последната овосезонска трка, воедно и последен настап на Фетел како член на италијанскиот Ф-1 тим.

Имено, на специјално направената кацига на 23-годишниот Леклер стоеше пораката „Фала, Себ“, на која не можеше да одолее ниту Фетел кој возрати на ист начин.

„До Шарл, ти си најталентираниот возач на кој наидов во последните 15 години во Ф1. Не го троши талентот, но што и да правиш прави го со среќа и насмевка. Благодарам за се!“ – напиша Германецот на кацигата.

Се вчитува...