ФФМ ја подготви предлог-листата за ваучери за клубовите: Шкендија, Шкупи и Ак. Пандев со највисоки ваучери

Фудбалската федерација на Македонија ја подготви предлог ранг листата на фудбалски клубови доставена до централната комисија во рамки на Агенција за млади и спорт за доделување / добивање на ваучер за користење на средствата од даночното ослободување согласно Законот за спорт и Законот за данок на добивка за 2023 година.

На врвот на листата, со најмногу бодови, се Шкендија и Шкупи со по 230 бода, а веднаш зад нив е Академија Пандев со 225 бода.

КОМПЛЕТНАТА ЛИСТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...