ФФМ ќе го покрие тестирањето за сите прволигаши и пред стартот на пролетта

Македонските прволигаши ќе мора да минат низ тестови за Ковид-19 и пред стартот на пролетниот дел од сезоната викендов.

Тестовите за 35 лица од секој од 12 прволигаши, или вкупно 420 лица, како и пред стартот на сезоната ќе бидат покриени од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Согласно предвидените протоколу сите кои ќе бидат позитивни на тестовите ќе одат во изолација, а секој тим ќе може да настапи во првото пролетно коло со најмалку 14 фудбалери на располагање.

Пролетниот дел од сезоната ќе ја отворат Академија Пандев и Работнички со натпреварот во Струмица, во сабота на 13. февруари.

Се вчитува...