ФФМ одлучи: Единствена Втора лига од сезоната 2022/23, без баражи за опстанок

Собранието на фудбалската федерација на Македонија денеска ја усвои промената со која од следната сезона 2022/23 ќе има единствена Втора лига, која беше најавена уште на минатогодишното Собрание.

ФФМ на денешното Собрание ги укина баражите за опстанок во второлигашката конкуренција, па досегашните две лиги од идната сезона ќе бидат заменети со една која ќе брои вкупно 16 екипи, и тоа два тима кои директно ќе испаднат од Првата лига сезонава, два тима што ќе загубат во баражите за пополнување на Првата лига (натпреварите на второпласираните од двете второлигашки конкуренции со деветтиот и десеттиот на табелата од Првата лига), како и десетте екипи што ќе останат од двете второлигашки конкуренции (по пет од двете лиги од третото до седмото место). Сето тоа заокружено со две екипи од баражите за пласман од третолигашката конкуренција.

Со оваа одлука е јасно дека од актуелната сезона во Втората лига испаѓаат по две екипи, деветто и десеттопласираните екипи од двете второлигашки конкуренции.

Се вчитува...