ФФМ преку фондот за солидарност на УЕФА со финансиска помош за поддршка на хуманитарните акции во Турција и во Сирија!

Фудбалската федерација на Македонија преку Фондовите за природни катастрофи на УЕФА и нејзината Фондација за деца партиципираше со финансиска помош во вкупната првична донација на Европската куќа на фудбалот од 200.000 евра за поддршка на огромната хуманитарна операција за помош на жртвите од двата разорни земјотреси во Турција и Сирија.

УЕФА и нејзината Фондацијата за деца реализираа донација од 150.000 евра за Турската фудбалска федерација (ТФФ), а посвети и 50.000 евра за две невладини организации кои работат на првите линии на природната катастрофа.

Европската федерација претходно ги координираше акциите на своите членки за придонес во заедничкиот фонд за помош при катастрофи на Фондацијата УЕФА и УЕФА. Токму за тој фонд своја финансиска помош издвои и Фудбалската федерација на Македонија.

„УЕФА ја дава оваа првична донација за да помогне во непосредниот хуманитарен одговор на оваа ужасна трагедија. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите членки, националните федерации, за нивната брза и сочувствителна реакција и поддршка понудена на погодените од овој ужасен настан“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

УЕФА, исто така, организира и дополнителни активности за собирање средства за време на последната седмица од Лигата на шампионите оваа сезона, која ќе се одржи во Истанбул во јуни. Во натамошното покажување на поддршката на европскиот фудбал за Турција и Сирија, УЕФА, исто така, објави дека ќе се оддаде почит жртвите од земјотресите со минута молк пред почетокот на сите натпревари на европските клупски натпреварувања следната недела.

Како што е познато, страотните земјотреси од 6. февруари однесоа повеќе од 20.000 животи во Турција и во Сирија, и оставија десетици илјади луѓе без засолниште на ниските зимски температури.

Се вчитува...