ФИА им забрани на Ф1 возачите да даваат политички изјави

Возачите на Формула 1 од следната сезона нема да може да даваат политички, верски и приватни изјави без претходна согласност на Меѓународната автомобилска федерација, соопшти претседателот Мохамед Вен Сулајем. Оние кои ќе даваат ваков вид на изјави без претходна согласност од ФИА ќе бидат санкционирани.

Претседателот на ФИА вели дека организацијата не треба да се служи како платформа каде ќе се одвива пропаганда, а секое прекршување на правилата ќе биде санкционирано како брзо возење низ боксот.

„Загрижени сме. Можете да го користите спортот за мировни цели, но не сакаме ФИА да служи како платформа за приватни агенди. Ќе се оддалечиме од спортот. Што прават возачите најдобро? Тие возат. Тие се толку добри во тоа, создаваат спектакл, тие се ѕвезди.

Ако имам мое приватно мислење, тоа не значи дека ќе ја користам ФИА за да го изразам. Верувам дека ФИА треба да биде неутрална. Ни требаат суперѕвезди за овој спорт. Ако има нешто, побарајте дозвола. Ако направите некоја грешка, тоа е исто како да брзате низ боксот. Ако го направите тоа, многу е јасно што следи“, вели Бен Сулајем.

Се вчитува...