ФИА одлучи: Ферстапен останува шампион, само парична казна за Ред Бул

Макс Ферстапен ќе ја задржи титулата светски првак и покрај надминувањето на буџетот од страна на неговиот тим Ред Бул. Иако дел од тимовите бараа Ред Бул да биде казнет со одземање на бодови, што ќе значеше и губење на титулата на Холанѓанецот, ФИА на крајот се реши само за парична казна за овој Ф-1 тим.

Конкретно, Ред Бул ќе плати шест милиони евра за прекршените правила, воедно и ќе ја прифати казната, губејќи го правото за жалба.

„Според она што го видовме, не постои доказ дека Ред Бул го надминале буџетот за да извршам измама или со погрешна намера. Затоа и казната е парична и не се пренесува врз бодовите на возачите“, објави ФИА.

Како дополнителна казна, Ред Бул доби забрана за тестирање на аеродинамичките перформанси на болидите во наредните 12 месеци, што би можело сериозно да се одрази врз резултатите на овој тим во новата сезона од Ф-1 шампионатот.

Се вчитува...