ФИА со жестока казна за Рејсинг Поинт

Формула 1 тимот на Рејсинг Поинт доби жестока казна од Светската автомобилска федерација ФИА. Како што наведуваат од ФИА прифатен е протестот од страна на Рено и изречена е казна од 15 тимски бодови и 400.000 евра. Рено упати жалба дека болидите на Рејсинг Поинт се целосна копија од болидите на Мерцедес, со кои германскиот тим минатите сезони ја освојуваше шампионската титула.

Бодовите ќе бидат одземени од трката за  Големата награда на Австрија, а за трките во Унгарија и Велика Британија изречена е опомена. Со анализа е утврдено дека тимот нелегално користи мотор на Мерцедес, како и делови од болидот на „сребрената стрела“ од минатата година.

Се вчитува...